ФИФА ја одби тужбата на Нејмар, Барселона го возвраќа ударот!

Бразилскиот фудбалер Нејмар минатото лето одлучи да се пресели од Барселона во ПСЖ за неверојатни 222 милиони. Меѓутоа, сагата околу Бразилецот и Каталонците продолжува понатаму.

Пред неколку недели Нејмар потврди дека ја известил ФИФА за тужбата против Барселона и дека бара дополнителни 40 милиони евра откако не му исплатиле 26 милиони евра за „лојалност“.

Каталонскиот гигант одби да му ги исплати наведените пари затоа што Бразилецот не го испочитувал договорот, а денес ФИФА објави дека тужбата е отфрлена и дека Барселона не е должна да му ги исплати тие пари.

Покрај тоа од каталонскиот клуб одлучија да го возвратат ударот и најавија дека сакаат да имс е вратат 75 милиони евра затоа што ѕвездата на ПСЖ го прекршила договорот додека била играч на Каталонците.