Фернандеш најдобар фудбалер во Премиерлигата за јуни! (ВИДЕО)

Плејмејкерот Бруно Фернандеш дефинитивно е големо засилување за Манчестер јунајтед, а тоа го покажа и во изминатиот период, па си ја доби наградата за најдобар фудбалер за месец јуни во Премиерлигата.

Португалецот беше важен фудбалер во победата против Астон ила и го донесе Јунајтед во борба за пласман во Лигата на шампиони.