Фергусон објасни зошто Роналдо е подобар фудбалер од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси се сè уште активни фудбалери, но играат далеку од Европа, меѓутоа не престануваат споредбите за тоа кој бил подобар од нив двајца.

Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон кажа дека подобар бил португалскиот репрезентативец и го објасни неговиот став.

„Луѓето често зборуваат кој е најдобар во историјата. И со право велат дека е Меси, зашто тоа не може да го негирате, меѓутоа Роналдо можеше да игра за Милвол, КПР или Донкастер, а притоа да постигне хет-трик на натпревар. Меси тоа не може да го направи. Лео не може да биде како Кристијано, кој има две одлични нозе, брзина, одличен воздушен дуел и храброст. Роналдо е совршен фудбалер“, кажа Фергусон.