Фелипе Рејес го израмни рекордот на Наваро

Кошаркарот на Реал Мадрид,Фелипе Рејес го израмни рекордот на Хуан Карлос Наваро по бројот на настапи во Евролигата. Сега и двајцата имаат по 341 одигран натпревар.

Рејес уште наредната недела ќе може да биде осамен на оваа листа, а позади двајцата кошаркари останаа, Паулиус Јанкунас со 314 настапи, Никос Зисис со 310 и Василис Спанулис 302.

Ова се импресивни бројки за Рејес, кој ја игра веќе 15. сезона во Реал Мадрид.