Феликс со два гола ја продолжи победничката серија на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид триумфираше против Осасуна со 3-1 во шестиот меч за нив сезонава и така се искачи на третата позиција во Ла Лига.

Жоао Феликс од пенал во 43. минута погоди за 1-0, по што на стартот на второто полувреме промаши еден удар од белата точка за 2-0.

Феликс, сепак, се корегираше во 69. минута кога погоди за 2-0, по што Будимир намали на 1-2 и ја врати надежта на Осасуна за да извлече нешто од мечот. Меѓутоа, Тореира со гол во 88. минута го постави конечниот резултат на дуелот (3-1).