Фазлагиќ 4,5 години во дресот на Висла Краков

Капитенот на младинската репрезентација на Македонија, Енис Фазлагиќ потпиша договор со Висла Краков. 

Тој во тринаесеткратниот полски шампион доаѓа од редовите на Жилина и потпиша договор до јуни 2026 година. 

„Енис е фудбалер со огромен потенцијал и веќе има огромно искуство иако е млад. Тој е играч сличен на Ашраф - секогаш сака да е со топката, што секако ќе ни помогне во нашата игра и да ја добиеме потребната агресивност. Тој доаѓа во Висла на целосен трансфер со договор на четири ипол сезони“, изјави спортскиот директор на полскиот клуб, Томаш Пасиечни. 

Во Македонија Фазлагиќ првите фудбалски чекори ги направи во ФК Скопје, а потоа играше и за Шкендија, пред да направи трансфер во Жилина во 2018 година.  Играше за сите младински селекции на македонската репрезентација.