Фатих Терим пуштен на домашно лекување, но не е целосно излечен од Ковид-19

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим денеска е пуштен од болница по една недела лекување поради коронавирусот. 

Искусниот фудбалски стратег итно беше пренесен во болница откако му се појавија симптомите на опасниот вирус, но сега неговата здравствена состојба е далеку подобра. Терим добил дозвола од докторите да продолжи со лекувањето во домашни услови, што значи дека и натаму ќе остане во изолација, бидејќи не е целосно излечен од Ковид-19.

Освен на Галатасарај, Терим во својата кариера ги тренираше и италијанските тимови Милан и Фиорентина, а во три наврати беше селектор на Турција.