Фантастичниот чувар на мрежата останува, но Јунајтед мора да исполни еден услов!

Голманот на Манчестер јунајтед, Де Геа брани во одлична форма и со своите одбрани го спаси својот состав веќе неколку пати оваа сезона, па „ѓаволите“ одлучија да му подготват нов договор.

Меѓутоа, Шпанецот е голема желба на Реал Мадрид, кој во лето би го купил, па сега Де Геа се најде во средина и не е познато дали планира да остане или да замине.

Според англиските медиуми, Шпанецот има услов за Јунајтед пред потпишувањето на новиот договор и тој е од финансиска природа. Тој бара 350.000 фунти неделно, иако беше претходно објавено дека во новиот договор ќе има 220.000 фунти.

Тоа значи дека Шпанецот ќе остане само ако добива 18 милиони фунти по сезона, што делува навистина премногу за еден голман, па останува да се види дали „црвените ѓаволи“ ќе се согласат на овие услови.