Фантастична мајсторија: Андонова како Шаќири - еврогол од корнер (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова постигна неверојатен гол директно од корнер во триумфот со 4-1 против Валенсија во женската Ла Лига. Андонова го ископира голот на Артим Шаќири за да погоди фантастично во мрежата на противниот.