Европските клубови ќе загубат четири милијарди евра поради коронавирусот

Европските фудбалски клубови во оваа, но и во следната година ги очекува загуба од вкупно четири милијарди евра поради пандемијата со коронавирус, објави Европската клупска асоцијација (ЕКА) во своето истражување.

ЕКА направила студија на комплетниот европски фудбал во сите 55 земји членки на УЕФА, а пресметката е дека загубата за оваа година ќе биде 1,6 милијарди евра, додека за идната дури 2,4 милијарди евра.

„Резултатите покажуваат дека влијанието на коронавирусот врз финансиите во европските клубови во моментов се сеизмички шок. За жал, тој шок ќе продолжи и во следната сезона и ова ќе биде егзистенцијална криза а фудбалот“, вели извршниот шеф на ЕКА, Чарли Маршал.

Поради пандемијата сериозно е падната вредноста на фудбалерите, а заработката сериозно намалена, зашто клубовите се приморани да играат пред празни трибини. Во десет лиги меѓу кои и петте најсилни, Англија, Италија, Шпанија, Франција и Германија, само губитокот од влезници е над 400 милиони евра, а ако трендот продолжи да нема фудбал со публика во идната сезона загубата ќе биде – трипати поголема.

ЕКА предвидува сериозен пад на платите на фудбалерите, а се предвидува дека колкав ефект ќе има пандемијата на фудбалот и финансиите најдобро ќе покаже летниот предоен рок.

ФИФА засега објави план за заеми и неповратни грантови за фудбалските федерации, како еден дел за помош на клубовите, но секоја федерација може да добие максимум до 5 милиони долари, што за големите клубови би била незначителна помош кога тие пари би се поделиле на сите.