Евра откри како го убедил Роналдо да се пресели во Јувентус

Кристијано Роналдо од минатото лето е фудбалер на Јувентус, откако реши да го напушти Реал Мадрид по девет години поминати на „Сантијаго Бернабеу“.

Ако може да му се верува на Патрис Евра, токму тој бил човекот кој го убедил Роналдо да се пресели во Јувентус.

Пред да се согласи на договор, Роналдо разговарал со Евра на телефон околу 20 минути.

„Ме праша зошто Јувентус е толку посебен. Му кажав дека клупската филозофија е идеална за неговиот работен режим. Мислам дека може да игра до 40 години“, кажа Евра.