Евра: Меси не е лесен за чување, но еден фудбалер особено ме фрустрираше!

Францускиот фудбалер Патрис Евра во интервју за „Скај Спорт“откри кој за него беше најтешкиот противник во неговата играчка кариера.

Левиот бек своевремено настапуваше за Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус..., а во кариерата се соочи со многу противнички фудбалери кои тешко можеле да бидат запрени. Како лев бек, негова најголема обврска беше да го неутрализира десното крило на противничките екипи, а во кариерата неколку пати се соочуваше и со Лионел Меси.

Сепак, Французинот вели дека Меси не бил најтешкиот противник што го чувал, барем што се однесува до него.

Најтешкиот противник против кој играв беше Џејмс Милнер. Многу пати играв против Меси и не можам да кажам дека е лесно да се чува, но можев да се справам со него. Тој е опасен кога оди во средина бидејќи потоа може да се прилагоди на лева и десна нога. Милнер беше најтежок за лување затоа што знаеше да ме фрустрира. Јас постојано беб напаѓачки ориентиран, а тој ме следеше по целиот терен, дури беше и во скок дуелите со мене. Тоа ме фрустрираше многу. Постојано си помислував: „Оди во напад и остави ме на мира“, открива Евра.