Евра ќе заврши во затвор поради хомофобични изјави!?

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, еуфорично ја прослави елиминацијта на Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите, Французинот тогаш преку една од социјалните мрежи со хомофобичен пост им се обрати на „светците“.

Поради неговата изјава, Евра може да добие казна затвор од година дена и парична казна од 40.000 евра. Сепак, Французинот не чувствува страв, па според него само „Бог може да му суди“.