Евертон наместо со мал влог да се збогати многу, сега плаче дека направил – утки на векот!

Англискиот премиерлигаш Евертон очигледно има ужасно лошо раководно тело, кога за една година успеал да одбие три фудбалери, кои денеска вредат заедно преку 200 милиони евра, а требало само во нив да инвестира – десетпати помалку.

Во фудбалот честопати се случуваат лоши проценки, па Блекбурн не сакал да го купи Левандовски, Малколм на Рома ѝ избега од аеродром, Арсенал можел да ги купи Меси и Роналдо, ама имале „змија во џебот“... Последен клуб во низата, чие раководство сега кубе коси е Евертон, од причина што за мали пари можеле да ги имаат Хери Мегваер, Ерлинг Халанд и Ендрју Робертсон.

„Кога бев во Евертон им ги понудив Мегваер и Робертсон. Ќе нè чинеа 20 милиони евра. А, тие – не ги сакаа. Исто беше и со Халанд. Немаше да платиме ни пет милиони за негов ангажман, ама...“, вели Стив Волш, поранешниот шеф на „карамелите“.

И сега на „Гудисон парк“ прашање е што мислат кога ќе погледнат дека Хери Мегваер во Манчестер јунајтед замина за светски рекорден трансфер за стопер од 90 милиони евра, Робертсон е европски првак со вредност најмалку од 50-60 милиони евра, а Халанд - „светско чудо“. Норвешкиот тинејџер е во таква голгетерска форма, уривајќи рекорди во ЛШ, за Ред Бул Салцбург и кој сега на пазарот вреди 100 милиони евра или 20 пати повеќе од тоа што „биковите“ му платија на Молде за него.