Евертон му удри клоца на Рафа Бенитез

Англискиот премиерлигаш Евертон после неполни осум месеци му удри клоца на својот досегашен кормилар Рафаел Бенитез и со избрка после серијата слаби резултати.

Тоа што се најавуваше уште вчера после новиот пораз на „карамелите“ се случи денеска, па Бенитез добива отказ од функцијата менаџер на премиерлигашот и Евертон сега ќе бара ново тренерско решение кој ќе треба да го врати тимот на победничкиот колосек.

Шпанецот дојде на „Гудисон Парк“ во јуни лани и не успеа да издржи ни цела една сезона во овој клуб. Евертон објави дека наследникот на Бенитез ќе биде познат во следниот период.