Еуфорија во Лондон: Легенда седнува на кормилото на Челси!?

Италијанските медиуми пишуваат дека Маурицио Сари би можел да го напушти Челси по само една сезона, а наводно ќе се врати во Италија и ќе седне на тренерското столче во Јувентус.

„Спорт Медијасет“ пишува дека во Челси веќе решиле кој ќе го замени Сари на клупата, а изборот паднал на Френк Лампард, легендата на клубот.

Лампард би бил избор, кој ќе им се допадне на навивачите на Челси поради тоа што одигра 648 натпревари за „сините“ и за тоа време постигна 211 голови, а исто така освои три шампионски титули во Англија и трофеј во Лигата на шампиони.

Англичанецот ја почна тренерската кариера минатото лето, кога го презема Дерби Каунти, па сезонава со нив игра во плејофот од Чемпионшип-лигата за влез во Премиерлигата.