Еуфорија во Ангола: Еден куп навивачи го пречекаа Меси (ВИДЕО)

Аргентина ќе одигра пријателски меч против Ангола, а навивачите на домашната селекција беа возбудени поради доаѓањето на Лионел Меси.

Доаѓањето на Аргентина привлече големо внимание во Ангола, па голем број навивачи се собраа да го поздрават фудбалерот на Интер Мајами.

„Меси, Меси, Меси“, скандираа собраните навивачи покрај улиците додека поминуваа Аргентинците со автобуси.