Еуфорија кај фановите: „ФИФА 19“ го додаде Болт во играта!

Легендарниот атлетичар Јусеин Болт успеа да го исполни својот сон и да стане професионален фудбалер, откако управата на австралискиот Централ Коуст маринерс му понудија договор.

Болт неодамна во поедата на својот тим против Мекартур постигна два гола (4-1), со што ја освои управата на клубот.

„ЕА Спортс“ денеска донесе уште нови одлични вести за Болт, кој ќе биде додаден на новата „ФИФА 19“.

Во моментов на „ФИФА 19“ најбрз е фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре со оцена од 97, а на второ мессто се наоѓа Килијан Мбапе со 95, но Болт ќе биде побрз и од двајцата штом ќе биде додаден.