Ето номиниран за тим на сите времиња, а тој го исплука најугледниот магазин : Ова е непочитување!

Камерунската ѕвезда Самуел Ето, поранешен соиграч на Горан Пандев во Интер, па на Адис Јаховиќ во Коњаспор се најде меѓу номинираните за тимот на векот што го составува „Франс Фудбал“, најугледниот фудбалски магазин на светот, кој од 1956 година ја доделува најпрестижната награда на светот – златната топка.

Иако не постои фудбалер кој не би сакал да се најде на оваа лиска, макар и како номиниран, Ето збесна кога виде во која категорија го ставиле. Камерунецот е ставен на листата на номинации на позицијата десно крило и буквално го исплука магазинот за номинацијата.

„Ви благодарам на номинацијата, ама јас на десно крило играв една или две сезони, а цели 25 години како центарфор. Тотално непочитување!“, објави Ето.

Тој е номиниран заедно со Дејвид Бекам, Џорџ Бест, Луис Фиго, Жаирзињо, Гаринча, Кевин Киген, Лионел Меси, Арјен Робен и Стенли Метјуз. Ето кариерата ја почна од Реал Мадрид, но не доби шанса, па прекуЕспањол и Мајорка стигна во Барселона, каде го одигра најдобриот период во кариерата, како и во Интер, по што полека почна да му оди кариерата во надолна линија, а беше дел уште и од Сампдорија, Челси, Евертон, Анжи Махачкала, Коњаспор...