Етеми се врати од повредата со – асистенција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми, членот на Истанбулспор, кој беше еден од деветмината на кои селекторот Благоја Милевски не сметаше за завршницата во Лигата на нациите, се врати од повредата и денеска асистираше за триумф на неговиот тим кај Карагурмук во Суперлигата на Турција со 2-1.

Етеми имаше повреда на мускул на ногата и поради истата не играше на последниот меч пред репрезентативната пауза, по што го прескокна репрезентативниот собир во момент кога беше во одлична форма со два гола за својот тим (сефте голови во турската елита), а денеска доби шанса во последните 20 минути од мечот, а само 120 секунди откако влезе во игра асистираше за голот за победа.

Македонскиот репрезентативец кој е еден од 11-те дебитанти во националниот тим откако Милевски пред 14 месеци седна на кормилото ја игра третата сезона за Истанбулспор.