Еспањол го купува Барди со помош на – Вилјареал?!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди можно е летово да направи трансфер, но да остане во шпанската Ла Лига, откако каталонски Еспањол сериозно сака да го ангажира во своите редови, најавија дел од шпанските медиуми.

Барди од завчера се врати на подготовките во Леванте за стартот на новата сезона, но сега шпански „Гол Дигитал“, објавува дека Еспањол со помош на Вилјареал планира да го „украде“ барди и да си го засили средниот ред.

Причина за трансферот е фактот што Леванте се засили со Гонзало Молеро, а фактот дека Рокина и Кампаро се стандардни, а Молеро ќе мора да игра, плус Моралес како фудбалер кој има одврзани раце да игра на секој дел од теренот зад напаѓачите, па веројатно Пако Лопез ќе мора да го „жртвува“ Барди со статус на резерва.

Токму поради тоа, Еспањол бара засилување за средниот ред покрај Марк Рока и Дардер и сега Вилјареал може да им помогне индиректно. Аргентинецот Сантјаго Касерес, кој е дефанзивен фудбалер за врска, би дошол во Леванте како замена за Барди.

Засега нема најави колкав би бил трансферот, иако се најавува дека Леванте нема да попушти под 15 милиони евра.