Епски пресврт на Калјари за да ја спакува Парма за Втора лига (ВИДЕО)

Епски пресврт во судиското надополнување направи Калјари со два гола во втората и четвртата минута од судиското надополнување за да ја победи Парма во невидениот меч со седум гола (4-3) и практично да го спакува поранешниот куп-победник за Серија Б.

Переиро и Сери за две минути постигнаа два гола, па од безмалку загубен меч со кој ќе значеше нивно пакување за второлигашката конкуренција, се издигнаа за да го остават клубот од Сардинија жив за опстанокот, а Парма полека да почне да чекори кон Втората лига.

Со триумфот Калјари, кој прекина серија од пет порази во низа, сега има 25 бода, само два од Торино, кој е прв во сигурната зона, додека Парма остана на седум бода зад „биковите“ во битката за спасот.

Но, Торино има два меча помалку, па ни Калјари не е сигурен за опстанок ако Торино во двата победи, а за Парма и од оваа позиција веќе извесно е дека со Кротоне се нови второлигаши.

А, сосема поинаков тек имаше вечерашниот меч за опстанокот, во кој Пацела и Кучка погодија двапати за пола час, а Палволети го врати Калјари во мечот на шест минути пред полувремето. Следеше второ водство од два разлика со гол на Романецот Денис Ман во 59-та минута за Парма, па погодок за Калјари во 66-та колку домаќините да останат барем во игра за бод.

И кога дојде судиското продолжение сѐ изгледаше на триумф за гостите, ама Переиро и Сери направија таков пресврт, кој допрва ќе се прераскажува, уште повеќе ако до кракот на сезоната Калјари успее да се спаси.