Епски пресврт на Бетис против Алавес (ВИДЕО)

Бетис славеше со 3-2 против Алавес иако по првото полувреме имаше негатива од 0-2. 

„Зелено-белите“ направија голем пресврт во второто полувреме, а победничкиот гол го постигаа во 88-та минута за четврти триумф во низа.

Хоселу во 12-тата минута ги доведе гостите во водство, а Едгар Мендез зголеми на 0-2 во 24-тата минута. Бетис доби пенал, па Борха Иглесијас реализираше за 1-2 по еден час игра. Ветеранот Хоакин погоди во 81-та минута за 2-2, а херој на тимот од Севилја беше Иглезијас со својот втор гол на натпреварот. 

Бетис е шести на табелата со 42 бода, а интересно во 2021 година освои дури 23 бода од можните 30. Алавес е претпоследен на табелата со 22 бода и е во серија од четири порази по ред.