Емерсон трагичар за Бетис: Реал Мадрид едвај стигна до триумф (ВИДЕО)

Реал Мадрид го запиша првиот триумф сезонава во шпанската Ла Лига, откако денеска беше подобар на гостувањето кај Бетис со 3-2.

Валверде во 14. минута донесе водство за „кралевите“, но нивната радост не траеше долго бидејќи Менди и Карвалјо за само три минути погодија двапати и направија пресврт (2-1).

Емерсон беше трагичар на мечот затоа што во 48. минута си постигна автогол за 2-2, а во 67. минута доби директен црвен картон по еден старт врз противнички фудбалер.

Трите бода за „кралевите“ ги обезбеди Рамос во 82. минута, кога беше прецизен од белата точка.