Емери: Би сакал никогаш да не играме против Ливерпул!

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, изјави дека натпреварот со Ливерпул ќе биде уште еден голем тест за сите во клубот од „Емирати“.

„Топџиите“ му гостуваат на Ливерпул во третото коло во Премиер лига, а „Енфилд“ во последно време не беше едно од местата каде можеа да дојдат до бодови. Лондончани на последните три меча претрпе исто толку порази и тоа со гол разлика од 2-12.

Не сакаме да играме против Ливерпул, што се однесува до нас, подобро никогаш да не играме против нив, изјави Емери.

Арсенал во првите две кола беше подобар од Њукасл и Барнли, додека Ливерпул од Норич и Саутемптон, па затоа овој дуел ќе биде исклучително значаен за двата тима.

Тоа ќе биде голем тест за нас, за навивачите, за тиа луѓе во клубот. Нашата цел е да го намалиме заостатокот со тимовите каков што е Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем. Затоа ваквите дуели се предизвик за Арсенал, додаде шапнскиот стратег.

Дербито помеѓу Ливерпул и Арсенал ќе се одигра во сабота во 18:30 часот.