Елмас во фокусот на Серија А: Никој не истрча(л) повеќе од Македонецот (ВИДЕО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас се најде во фокусот на италијанската Серија А за последното коло во кое против СПАЛ, но не поради својата прва асистенција во победата над СПАЛ, туку поради – истрчаната километража.

Елмас на мечот претрча повеќе од 12 километри, па му немаше рамен во цело коло и со тоа Серија А посебно го посочи.

„Истрча повеќе од сите други, направи сè за да спречи голови, а да помогне и да се постигнат“, објави Серија А.