Елмас пак беше стартер, Наполи ја совлада Бреша (ВИДЕО)

Наполи го запиша вториот триумф по ред во италијанската Серија А откако денеска беше подобар од Бреша со 2-1, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 76 минути.

Бреша одлично го почна мечот и постигна гол за водство уште во 26. минута, по што гостите од Неапол се обидоа да израмнат, но не успеаа во првите 45 минути.

На стартот на второто полувреме Инсиње од пенал израмни на 1-1, а Руиз во 54. минута погоди за пресврт и триумф на Наполи од 2-1.

Наполи во моментов е шестопласиран со 36 бодови, односно девет помалку од место кое води во Лигата на шампиони.