Елмас наскоро ќе добие нов сопственик: Катарски тајкун го купува Наполи?!

Според пишувањата во британските медиуми, сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го продава калчолигашот Наполи, а веќе се појавија и првите заинтересирани купувачи.

Имено, како што пренесува „Дејли мејл“, богатото катарско семејство Ал-Танис, кое има дел од акциите во ПСЖ преку Орикс Катар Спорт Инвестиции (КСИ), сака да стекне сопственост и во Наполи, затоа што „Де Лаурентис го губи интересот за својот тим по сите настани кои се случија“. Според информациите, веќе се понудени 560 милиони евра за откуп на дел од акциите во клубот. 

Ситуацијата во Сан Паоло е тензична, а исто така соиграчите се загрижени за својата безбедност. Наполи не славеше на последните пет натпревари и очигледно е дека има големи проблеми во тимот.

Впечаток е дека Аурелио ја загуби желбата да инвестира во Наполи, изјави Анџело Писани за „Дејли Мејл“, кој своевремено работеше како адвокат на Диего Марадона.