Елмас изнуди пенал, па Наполи со пресврт ја победи полска Висла (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изнуди пенал денеска во пријателскиот меч на Наполи со полска Висла, кој наполитанците со пресврт го добија со 2-1, но не го искористија ударот од белата точка што го овозможи нашиот дијамант.

Откако Висла ги шокираше по само шест минути игра за да поведе, Елмас во 29-та минута изнуди пенал, ама Политано не го реализираше и овој фудбалер дури во 67-та минута потоа се извади за утката со голот за израмнување, а Французинот Зинедин Машаш на пет минути пред крајот даде гол за победа.

Елмас го одигра целиот меч.