Елмас го одбрал Наполи поради две причини

Трансферот на Елиф Елмас од Фенербахче во Наполи е завршена работа, откако македонскиот репрезентативец денеска ги имаше медицинските прегледи во Рим. 

Агентот кој посредуваше при трансферот, Георге Гарди за италијанските медиуми ја даде и првата изјава. Тој вели дека работата траела доста долго и неколку клубови се обиделе во последен момент да го саботираат преминот во Наполи и да дојдат до потписот на Елмас.

„До самиот крај некои клубови се обидуваа да го купат Елмас, но желбата на момчето да игра во Наполи преовладуваше. За мене тука многу важна беше и подршката на директорите на Наполи. Па дури и Фенербахче се соочуваше со најголемиот трансфер во својата историја“, вели Гарди.

Тој објаснува и зошто Елмас се одлучил за Наполи, а не за другите клубови кои исто така имале сериозни понуди.

„Преовладуваше неговаа желба да дојде во тимот на еден фудбалски стратег како Карло Анчелоти и секако, шансата да игра во Лигата на шампиони преовлада“, додава агентот.