Елмас до Анчелоти: Ми беше чест што ми бевте тренер (ФОТО)

Карло Анчелоти синоќа заработи отказ од Наполи и покрај фактот што тимот се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампиони. Лошите резултати во Серија А му пресудија на искусниот стратег.

Речиси сите ѕвезди на тимот денеска преку социјалните мрежи се простија од Анчелоти, а еден од нив беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.  

„Тренеру ви благодарам за сè што направивте за мене. Ми беше задоволство да работам со вас и да ми бидете тренер. Ви посакувам сè најдобро во кариерата“, нашиша Елмас на „Инстаграм“.