Ел Класико ќе остане без еден Хрват: Новиот тренер на Баерн ќе си купи сонародник!

Новиот предводник на Баерн Минхен, Нико Ковач, веќе почнува да го крои тимот за следната сезона, а еден од приоритетните играчи е Иван Ракитиќ.

Креативецот од Барселона би бил идеално засилување за Баерн, пишуваат медиумите од Германија. Тој е поранешен соиграч на Ковач, голем пријател со Мануел Ноер и перфектно зборува германски.

Згора на тоа, одлично би се вклопил во формацијата 3-1-4-2, која се верува дека ќе ја практикува Ковач, судејќи по искуството од Ајнтрахт. Долго време се пишува дека Барселона ќе мора да продава играчи, кога веќе почна да купува, а Ракитиќ е еден од нив.

Цената која ја барале Каталонците била околу 60 милиони евра, а некои англиски медиуми тврдат дека Баерн толку е загреан за Ракитиќ, што подготвен е да даде и 80 милиони. Дополнително ова ќе повлече нови сензационални трансфери, бидејќи Барса ќе сака да го замени популарниот „Ракета“. Опциите се Кристијан Ериксен од Тотнем или Миралем Пјаниќ од Јувентус.­