Екс-фудбалер на Челси итно пренесен во болница, имал проблеми со срцето!

Поранешниот фудбалер на Челси, Оскар бил итно пренесен во болница во вторникот, откако се соочил со проблеми со срцето.

Неговата екипа Сао Пауло објави дека 34-годишниот Бразилец се наоѓа во стабилна здравствена состојба и ќе му бидат извршени дополнителни проблеми.

„Нови информации за здравствената состојба на Оскар ќе бидат објавени по договор со самиот фудбалер“, соопшти Сао Пауло.

Според шпекулациите на бразилските медиуми, проблемот на Оскар бил посериозен и наводно му е загрозена фудбалската кариера.

Оскар се врати во бразилскиот тим во декември 2024 година, а од тогаш настапи на 27 меча во сите натпреварувања, при што постигна три гола и 11 асистенции.