Еибар до важна победа за опстанок на гости кај Еспањол (ВИДЕО)

Еибар е на добар пат да обезбеди опстанок во Ла Лига по денешната гостинска победа од 2-0 кај Еспањол, кој веќе и математички е второлигаш уште од минатата недела.

Стрелец на двата гол за гостите беше Еду Експозито. Домашните играчи два пати играа со рака во сопствениот шеснаесетник, па Еибар доби два пенали. Експозито првиот го реализираше во 25-тата минута, но вториот во 36-тата го промаши. За негова среќа топката веднаш се одби до него и ја смести во мрежата на Диего Лопез за конечни 0-2.