Едно лице уапсено за смртта на Емилијано Сала

Едно лице е уапсено поради сомнение за убиство без умисла во врска со смртта на фудбалерот Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа.

Аргентинецот потпиша за Кардиф од Нант и бее на пат кон новиот клуб, кога неговиот авион се сруши во каналот Ла Манш помеѓу Англија и Франција на 21 јануари, а во несреќата загина и пилотот Дејвид Иботсон.

Англиската полиција соопшти дека едно лице на 64-годишна возраст од Јоркшир е уапсено, а потоа и ослободено поради смртта на фудбалерот, но и истрагата и натаму продолжува.

Засега нема повеќе информации околу идентитетот на уапсениот и каква е неговата врска со авионската несреќа.