Еден Азар „рамо до рамо“ со Лионел Меси

Во петте најсилни лиги во Европа само двајца фудбалери имаат двоцифрен број на голови и двоцифрен број на асистенции. Првиот е Лионел Меси, додека вечерва му се приклучи и Еден Азар. 

Ѕвездата на Барселона има 16 голови и 10 асистенции сезонава во Ла Лига, а Азар засега е далеку зад него со 10 голови и 10 асистенции за Челси во Премиерлигата. Ефектот на Меси е далеку позначаен, бидејќи е остварен со три натпревари помалку од Белгиецот.

Азар вечерва му асистираше на Вилијан за 2-1 во триумфот против Њукасл и успеа да му се приклучи на Меси ова оваа статистичка категорија.