Ѕвездите на Барселона одбија намалување на платата, па сега ќе останат без 70 отсто од парите?!

Големите ѕвезди на шпанскиот првак Барселона одбија намалување на платите и да се откажат од 50 отсто од примањата во овој кризен период откако светот го погоди пандемијата со коронавирусот, но веројатно Лео Меси и останатите ѕвезди направија голема грешка зашто сега може да останат и без половина плата која им ја гарантираа Каталонците.

Шпанските медиуми објавија дека на Пиринеите има закон за вонредни услови, со кој се предвидува дека во случај на пандемија или општа криза во земјата, државата може да ги воведе мерките со што платите на сите вработени се намалуват до 70 отсто. Поради овој закон, првиот човек на Барса, Жозеп Бартомеу сега може експресно да се повика како „кризна мерка“ и сето тоа би било легално.

Веќе две недели во Шпанија нема никаква фудбалска активност, фудбалот запре, како и нормалниот живот, а земјата ја погоди страшна епидемија со која Шпанија сега е втора во Европа зад Италија со најголем број заболени, скоро 50 илјади и преку 3.600 лица починати.