Ѕвезда на Шалке носеше лента во чест на Џорџ Флојд, кој беше убиен во Минеаполис (ФОТО)

Во Минеаполис, САД, веќе неколку дена се одржуваат насилни протести по смртта на афромамериканецот Џоррџ Флојд.

Американската јавност е згрозена поради начинот на кој Флојд го загуби животот, по што требаше да биде рутинско приведување. Полицаецот кој го апсеше Флојд стоеше со колено врз неговиот врат, а тој молеше за помош и за жалеше на болки. Целата ситуација беше снимена од случајно минувачи, а американската јавност повикува на полицаецот да му се суди за убиство.

Многу познати личности и спортисти изразија жалење за Џорџ Флојд, кој го загуби животот буквално за ништо. Тој бил уапсен поради тоа што наликувал на човек кој искористил лажна фискална сметка од 20 долари во локален ресторан.

Денеска и Американецот од редовите на Шалке, Вестон Мекени на својата рака носеше лента на која пишуваше, „Правда за Флојд“.