Ѕвезда на Порто бесен по расистички навреди ги „нападна“ судиите: Фала ви што ме браневте!

Фудбалерите на Порто победија со 2-1 синоќа кај Викторија Гимараеш, но мечот го одбележа нов расистички скандал, откако Муса Марега беше навредуван од домашните навивачи поради бојата на кожата.

Марега го постигна победничкиот гол за Порто, а откако даде гол – го напушти теренот. Навредите не запреа од загревањето, па во текот на целиот меч. Не успеа обидот на соиграчите да го разубедат, ниту обидот на противничките фудбалери.

После новиот расистички скандал, освен што на домашните навивачи им покажа среден прст, ги „нападна“ вербално судиите по мечот.

„На тие идиоти што ме навредуваа сакам да им порачам да од*бат, а исто така амак да им кажам едно големо 'благодарам' на судиите зашто застанаа да ме одбранат. Фала им за жолтиот картон што ми го дадоа додека ја бранев бојата на мојата кожа“, објави иронично Марега по мечот.

Очигледно е дека расизмот станува сериозен проблем буквално насекаде во Европа.