Ѕвезда на Астон Вила го напуштил карантинот, се журкал, па направил сообраќајка
Ѕвездата на Астон Вила бил поканет на забава кај пријател и без проблем прифатил иако не смее да излегува од својот дом поради пандемијата од коронавирусот. Грелиш не само што отишол на забавата, туку од истата се вратил пијан па дури и направил собраќајка. Со својот „Рејнџ Ровер“ удрил два автомобили на пат кон својот дом.
Астон Вила веднаш му додели парична казна на својот капитен, која ќе биде донирана во болница во Бирмингам, а и полицијата го истражува случајот, па сигурно ќе заработи и пријава. Грелиш на социјалните мрежи објави видео на кое изрази жалење за инцидентот и дека бил глупав што го напуштил својот дом во едни тешки времиња како овие.