Џеси Лингард конечно го напушти Манчестер јунајтед

Поранешниот англиски репрезентативец Џеси Лингард кариерата ќе ја продолжи во таборот на Вест Хем како позајмен фудбалер.

Манчестер јунајтед се согласи да го пушти фудбалерот од средниот ред да оди на позајмица, а по завршувањето на сезоната ќе ја одлучи неговата иднина.

Сезонава за „ѓаволите“ одигра само три натпревари, два во Лига Купот и еден во ФА Купот или вкупно 179 минути.

За Манчестер јунајтед има одиграно вкупно 210 натпревари со 33 голови и 20 асистенции, но последниве две сезони едвај се појавува на теренот. Тој е дете на „ѓаволите“, а како млад фудбалер беше на позајмици во Брајтон, Бирмингам, Дерби Каунти и Лестер.