Џентлменски потег на Тен Хаг на неговата прва официјална прес-конференција (ВИДЕО)

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг попладнево во клупските простории на „Олд Трафорд“ ја имаше својата прва официјална прес-конференција. 

Холанѓанецот направи џентлменски потег и при влегувањето во салата прво лично се поздрави и се запозна со сите новинари кои беа пристутни. Тоа предизвика воодушевување во јавноста и особено кај навивачите на „црвените ѓаволи“.