Џенова и Пандев не издржаа: Запата ѝ донесе голема победа на Аталанта во 95. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Џенова не успеаја да останат непоразени на првенствениот натпревар од третото коло во Серија А, откако на домашен терен загубија Аталанта со 1-2, со погодок во 95. минута.

Претходно, Муриел им донесе водство на гостите во 64. минута, а Џенова израмни на 1-1 во првата минута од судикото продолжение, преку Кришито од пенал.

Сепак, фудбалерите на Аталанта притиснаа и на крајот дојдоа до целиот плен со погодокот на Запата.

Инаку, во последните десетина минути во игра влезе за екипата на Џенова и Горан Пандев.