Џенова и Јувентус ќе играат пред празни трибини

Натпреварот помеѓу Џенова и Јувентус во Серија А кој е на програмата утре од 18:00 часот ќе се игра пред празни трибини.

Oваа одлука е донесена по судирот помеѓу навивачите на Џенова и Сампдорија овој викенд во Купот на Италија. Станува збор за жесток судир во кој беа повредени 38 лица, а меѓу нив полицајци кои се обидувале да го запрат хаосот.

На Џенова и Сампдорија им се закануваат големи казни и тоа воедно ќе биде порака до останатите клубови и нивните навивачи дека слични инциденти нема да се толерираат.

Џенова последиците ќе ги почувствува утре во дуелот во кој ќе биде без поддршката на своите фанови.