Џек Вилшер објави: Ова е најдоброто нешто за мене во иднина (ФОТО)

Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер денеска на социјалните медиуми објави подолг пост со кој се збогуваше од навивачите на „топчиите“.

Фудбалерот од средниот ред објави дека по завршувањето на неговиот договор на 30 јуни ќе си замине од „Емирати“. Тој цели 17 години беше дел од овој тим, но сега нема иднина во плановите на Унаи Емери.

„Разговаравме со раководството на тимот подолго време за продолжување на мојот договор, но не се договоривме. Немав проблем да го прифатам намалувањето на платата. Разговарав со новиот менаџер Унаи Емери, кој ми кажа дека нема да имам голема минутажа во тимот, а тоа не ми одговара. Оваа моја одлука е чисто фудбалска и спортска. Сега треба добро да размислам што понатаму во кариерата и да внимателно да го одберам мојот следен чекор“, напиша Вилшер.