Џабе голот на Пандев: Џенова го нанижа 12-от пораз сезонава (ВИДЕО)

Екипата на Рома ја прекина серијата од два пораза во низа, откако славеше на гостувањето кај Џенова со 1-3, во рамки на 20. коло во Серија А.

Единствена светла точка во домашниот тим беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој во 45. минута го постигна единствениот гол за Џенова, и со тоа потврди дека засега се наоѓа во одлична форма пред мартовските бараж натпревари во Лигата на Нации.

Рома поведе со голот на Ундер уште во шестата минута, а на 0-2 зголеми со автоголот на Бираски. Сепак, само минута подоцна Пандев намали на 1-2 и ја врати резултатската неизвесност. Но, во вториот дел Рома ја потврди фаворитската улога на овој меч и со голот на Един Џеко во 74. минута ги реши сите дилеми околу победникот.

Со овој триумф Рома се изкачи на четвртото место на табелата со 38 бода, десет помалку од лидерот Јувентус, кој својот натпревар од ова коло ќе го одигра вечерва против Парма. Од друга страна Џенова го нанижа 12-иот пораз сезонава во Серија А и моментно е претпоследна со само 14 бода