Ѕампарини откри: За Несторовски имаме четири понуди!

Заминувањето на Илија Несторовски од Палермо и понатаму останува на „стенд бај“, барем така тврди претседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини, кој за италијанските меидуми открил дека македонскиот репрезентативец може да си замине само под еден услов – сицилијанците да останат во Серија Б.

Засега сè уште виси во воздух играњето на Парма во Серија А, откако истражителите за местенки го предале во федерацијата (ФИГЦ) целиот случај за обид да се намести мечот на „млекарите“ со Специја, па засега неизвесно е дали Парма ќе извиси за враќање во Калчото и дали ќе се отвори шанса Палермо на мала врата да се врати во елитата. Плус, и Киево има проблеми, па им се заканува одземање бодови и можност да испаднат, па се отвора шанса за сицилијанците.

Ѕампарини за италијанските медиуми призна дека Несторовски си заминува ако Палермо остане во Серија Б, а дека на адреса во Сицилија за него има четири понуди – две од Англија, една од Италија и една од Турција.

„Несто си оди ако останеме во Серија Б, но сè се менува ако влеземе во Серија А. Јас имам четири понуди за него, две од Англија, една од Италија и една од Турција и за сите само прашање е цената“, рекол Ѕампарини.

Во изминативе месец и половина прво беше објавено дека англиски премиерлигаш, најверојатно Евертон е силно заинтересиран, па веќе и договорен со Ѕампарини за трансфер и истито четири месеци се крие и е „строго доверлива тајна“. Подоцна излегоа шпакулации дека Филипо Пипо Инѕаги по секоја цена сака да го донесе во Болоња, а најнова е дека Аталанта е ептен блиску за да го ангажира.

И додека не се реши конечно дилемата околу 20-те учесници во Серија А, евентуалниот трансфер на Несторовски ќе биде на „стенд бај“.