Две големи ѕвезди потпишуваат за Галатасарај

Преодниот рок во Турција и натаму е во тек, па Галатасарај во самиот финиш ќе доведе две големи ѕвезди. 

Мауро Икарди е пред потпис со „црвено-жолтите“, кои ќе платата 7 милиони евра обештетување за голгетерот на ПСЖ. Аргентинецот во Истанбул ќе има плата од 3 милиони евра годишно, а ќе потпише на три сезони. 

Втората голема ѕвезда е Чаглар Сојунџу, кој денеска не е во составот на Лестер заради преговорите со Галатасарај. Стоперот сака да се врати во татковината и да го засили Галатасарај, кој летово имаше одличен преоден рок.

Претходно за овој тим потпишаа Дрис Мертенс, Лукас Тореира, Лео Дубуа и Серџо Оливеира.