Двајца македонски репрезентативци во тимот на колото во Словачка (ФОТО)

Двајца младински репрезентативци на Македонија, Тихомир Костадинов (Ружомберок) и Милан Ристовски (Нитра) се најдоа во тимот на колото во словачката Фортуна лига, по одигрувањето на четвртата рунда во новата сезона.

Двајцата македонски репрезентативци имаа забележителни настапи со голови за своите тимови, па сосема заслужено се најдоа во најдобриот тим. Костадинов постигна гол за Ружомберок во поразот со 2-3 против Жилина, додека Ристовски даде два против Серед каде брани Дејан Илиев во триумфот со 3-2.