Двајца кандидати за наследници на Пирло на клупата на Јувентус

Андреа Пирло речиси сигурно нема да биде тренер на Јувентус следната сезона, откако за прв пат по девет години го загуби тронот во Серија А. 

Италијанските медиуми веќе шпекулираат со потенцијални кандидат за клупата во Торино, а како главни фаворити се Џенаро Гатузо и Зинедин Зидан.

Гатузо речиси сигурно заминува од Наполи по завршувањето на оваа сезона, без разлика на конечниот пласман на табелата. Сега и тој влегува во игра за тренерската позција во Јувентус иако и Фиорентина покажува сериозен интерес за неговиот услуги. 

Зинедин Зидан доколку остане без трофејот во Ла Лига речиси сигурно ќе биде отпуштен од Реал Мадрид, па летово исто така може да биде слободен да го преземе Јувентус. Тој има сериозна врска со „Старата дама“ со оглед на фактот дека дел од најдобрите моменти во кариерата ги мина играјќи за „бјанконерите“.